- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК Металург го доби дерби натпреварот на жешкиот терен кај ЖРК Чаир

Во рамките на 15. коло на Женската лига, ЖРК Металург и гостуваше на екипата на ЖРК Чаир, гостување кое се смета за едно од најтешките во лигата.
Но, овој дерби натпревар нашите девојки го добија релативно лесно, бидејќи имаа резултатска предност во текот на целата средба. Почнавме со 0:3, а веднаш потоа имавме и 1:5, а разликата од четири гола ја имавме скоро до крајот на првото полувреме, кое заврши со резултат 10:13.
Одлично Металург го одигра и вториот дел во кој имаше позитива од 3 до 5 гола. Пред самиот крај ја имавме и најубедливата разлика, 19:25, но самата завршница им припадна на домашните ракометарки, кои со серија од 3:0 значително го ублажија поразот.
ЖРК Металург по денешната средба се зацврсти на втората позиција и има бод помалку, но и натпревар повеќе, од водечкото ЖРК Куманово.
Во следното коло, на 1 април, во Автокоманда ќе играме со тимот на ЖРК Овче Поле.
.
ЖРК Чаир – ЖРК Металург 23:26 (10:13)
ЖРК Чаир: Сали, Кицеска, Мисовска, Динарица, Николовска 8, Божиновска, Камбери, Зам.Рамуко, Рахмани 6, Зан.Рамуко, Мартиновска, Шерифи, Ѓуриќ, Филипоска 1 и Алексоска 8. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 6 минути.
ЖРК Металург: Илјаз, Тодоров, Ивановска 1, Ѓорѓиевска 1, Владева, Гулицоска 5, Тасевска 7, Смајлоска, Арсениевска, Младеновска, Темелковска, Дамчевска 3, Божиновска 5, Ристовска, Петковска и Николиќ 4. Седмерци: 3/5. Исклучувања: 14 минути.
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.
Делегат: Душко Камишевски.