ЖРК Металург го надигра Пелистер

13.03.2021 18:53

На стартот од пролетниот дел од првенството на Македонија, во Автокоманда ЖРК Металург го надигра тимот на ЖРК Пелистер. Нашите девојки славеа со убедливи 40:20 (21:10).

Оваа средба беше рамноправна само во првите десетина минути во кои гостинскиот тим имаше и водство со максимални два гола разлика, 3:5. Но, по земениот тајмаут, работите брзо дојдоа на своето место. Најпрво Металург направи серија од 4:0 и го сврте резултатот во своја полза, а потоа создаде и убедлива разлика, која по првите 30 минути изнесуваше 11 гола, 21:10.

Вториот дел само ја потврди доминацијата на Металург, а конечната предност се искачи на цели 20 гола.

Следното коло ќе се одигра на 28 март, кога не очекува тешко гостување кај екипата на ЖРК Чаир.

.

ЖРК Металург – ЖРК Пелистер  40:20 (21:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Тодоров, Ѓорѓиевска, Владева 1, Ивановска 3, Гулицоска 2, Тасевска 12, Смајлоска 4, Арсениевска 8, Младеновска 2, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 3, Ристовска, Петковска 1 и Николиќ 2.     Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Пелистер: Гецовска, Наумовска 1, Дишковска 2, Станоевска, Босиловска 2, Срезовска, Бошевска, Кајческа 1, Милосављевиќ 1, Спирковска, Тодоровска, Николоска, Белевска 5, Јанкуловска 8 и Етемовска.     Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска.

Делегат: Стево Костенчев.

Прочитано 180 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 4 = 5