ЖРК Металург го прегази тимот на Шампион

27.09.2020 14:46

Иако играа две екипи од горниот дел на првенствената табела, денешниот натпревар во Автокоманда, меѓу екипите на ЖРК Металург и на РК Шампион, не беше дерби средба, бидејќи заврши со катастрофален пораз на гостинскиот тим. ЖРК Металург победи со цели 33 голови разлика, запишувајќи ја првата педесетка во тековното првенство.

Во првата половина од првото полувреме изгледаше како да се води рамноправен натпревар. Металург постојано водеше, но гостинките успеваа во неколку наврати да го израмнат резултатот. Отпорот на Шампион е скршен во втората половина од ова полувреме, кога ЖРК Металург набрзина создаде разлика од десет гола, со кои и заминавме на одмор.

Вистински бродолом доживеа гостинскиот тим во првите десет минути од вториот дел, во кој постигнавме 13 гола, а примивме само три, па во 40. минута имавме разлика од 20 гола. Оваа тенденција продолжи до самиот крај на средбата, а конечните +33 се и највисоки на денешниот натпревар.

Следниот натпревар ќе го одиграме на 9 октомври, кога и гостуваме на екипата на Кузман Вардар Илинден.

.

ЖРК Металург – РК Шампион  51:18 (22:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 3, Владева, Гулицоска 5, Тасевска 6, Арсениевска 9, Младеновска 4, Алексоска 2, Темелковска 1, Дамчевска 7, Божиновска 5, Стефановска 1, Петковска 3 и Николиќ 5.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 6 минути.

РК Шампион: Бадаровска, Мустафи, Мај.Петровска, Т.Богоевска, Димитриевска, Петровска, Неделковска, А.Богоевска, Урбан, Јованова, Јовановска, Бојковска, Миа Петровска, Ристевска и Филипова.      Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ.

Делегат: Ерик Белимов.

Прочитано 228 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 1 = 2