ЖРК Металург го совлада силното Куманово

19.02.2021 17:50

Во пријателски натпревар, екипата на ЖРК Металург во Автокоманда го совлада силниот тим на ЖРК Куманово, со резултат 28:26 (14:13).

Ова беше прв пријателски подготвителен натпревар на актуелниот македонски шампион, во пресрет на продолжението на домашното првенство.

Видовме одлична средба меѓу двете најсилни женски екипи во Македонија, која мина во рамноправна борба, но во која сепак нашите девојки беа за нијанса подобри.

ЖРК Металург ги продолжува подготовките за вториот дел од сезоната, а во план се и уште неколку пријателски средби.

Прочитано 241 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 9