ЖРК МЕТАЛУРГ ГО ЗАГУБИ НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ПОДРАВКА

15.02.2014 20:38

baner - vesti_resize

ЖРК Металург на гостувањето во Копривница го загуби натпреварот од 8. коло на Регионалната лига против екипата на Подравка, со резултат 27:30 (16:18).

Натпреварот, кој помина во огорчена борба на две рамноправни екипи, заслужено му припадна на домашниот состав. Нереализираните три седмерци се една од причините за поразот. Најдобра на теренот беше Мирјета Бајрамоска со девет постигнати гола.

ЖРК Металург еднаш по натпреварот заминува за Загреб, каде в недела ќе го играат натпреварот со Локомотива.

Подравка – ЖРК Металург  30:27 (18:16)

Подравка: Јукиќ, Капитановиќ (6 одбрани + седмерец), Миленковиќ (3 одбрани + седмерец), Човиќ 3, Гавраниќ 4, Понграц 3, Хавиќ 4, Живковиќ 2, Вукојевиќ 3, Немашкало, Милановиќ Литре 3, Драгишиќ, Видак, Трифуновиќ 8 (4) и Полјак.       Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Антиќ, Иаломитеану (9 одбрани), Мечевска, Гроздановска 4, Ѓорѓиевска 3, Бајрамоска 9, Белеска, Јовановска 2(1), Младеновска 1, Стојковска, Николовска 2, Ливриниќ, Саздовска, Величковска 1, Ристевска 2 и Митрова 3.    Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.

Фото:

Делегат: Владимир Сокол од Хрватска.

Прочитано 314 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 6