ЖРК Металург ја декласира Стружанка во Струга

26.05.2021 13:58

Во 24. коло од Женската лига, ЖРК Металург одигра гостински натпревар во Струга, против екипата на Стружанка. Многу полесно од очекуваното, нашите девојќи катастрофално го поразија противникот, со резултат, 21:40 (12:20).

Вообичајно, рамноправно се играше само во почетната фаза од средбата, кога и двете екипи имаа периодична предност. Но, сето тоа се смени по првата серија на Металург од 4:0. Од тој момент средбата ја контролираше нашиот тим, кој уште во првото полувреме создаде недостижна предност од цели 8 голови разлика.

Во вториот дел Металург максимално ја искористи евидентната разлика во квалитетот и целосно го разби противникот.

Со оваа победа Металург ја задржа третата позиција на табелата, а во следното коло во Автокоманда ќе гостува екипата на Гевгелија.

.

ЖРК Стружанка – ЖРК Металург  21:40 (12:20)

ЖРК Стружанка: Ѓерѓеска, Јовичинац 3, Голабоска 3, Калајџиевска 1, Дукоска 4, Переска 2, Б.Затуроска, Балоска, И.Затуроска 1, Митоска, Ѓоршулеска, Далипоска 1, Ѓокеска, Петреска и Делиоска 6.     Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Васева, Софтовска, Ивановска 2, Ѓорѓиевска 3, Гулицоска 2, Тасевска 10, Смајлоска 2, Арсениевска 5, Младеновска 3, Темелковска 1, Дамчевска 1, Калајџиевска, Божиновска 3, Ристовска 4 и Николиќ 4.     Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров.

Делегат: Александар Стефановски.

Прочитано 204 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 5