ЖРК Металург ја совлада Гевгелија на нејзин терен

29.02.2020 21:50

По двомесечна пауза продолжија натпреварите во Женската лига.

Екипата на ЖРК Металург во рамките на 14. коло гостуваше во Гевгелија, каде ја совлада истоимената екипа со убедливи 19:38 (11:18).

Тоа беше средба во која победникот се знаеше и пред почетокот и во кој нашите девојки без многу напор го совладаа домашниот тим.

Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кое го добивме со недостижни 7 голови разлика. Вториот дел не донесе ништо ново, сем што разликата се искачи на цели 19 голови.

Во својот 13-ти натпревар ЖРК Металург дојде до 12-тата победа и се зацврсти на втората позиција.

Во следното коло ЖРК Металург ќе и гостува на екипата на ЖРК Алушовски.

.

ЖРК Гевгелија – ЖРК Металург   19:38 (11:18)

ЖРК Гевгелија: Каранфиловска, Басова, Мандалова 2, Попова 5, Пецевска 5, Костадинова, Петрова, Горковска, Н.Попова 3, Митрова, Петковска 1, Тимчева, Танева, Ибрахимовиќ и Д.Митрова 3.    Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова, Владева, Гулицоска, Тасевска 4, Смајлоска 3, Алексоска 3, Темелковска 2, Дамчевска 6, Калајџиевска 6, Божиновска 6, Граматова 2, Стојановска 2, Стефановска 1, Петковска 3 и Паскал.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров.

Делегат: Васил Чалдаров

Прочитано 185 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 − = 2