- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК МЕТАЛУРГ ЈА СОВЛАДА ЈАГОДИНА ПО ЖЕСТОКА БОРБА.

ЖРК Металург денеска ја совлада екипата на ЖОРЈ Јагодина, во Јагодина, со резултат 19:18 (13:11). Натпреварот се одигра во рамките на женската Регионална лига.
Според официјалниот сајт на лигата, ЖРК Металург извојува голема победа во, според нив, најнеизвесниот натпревар во досегашниот тек на натпреварите од женската Регионална лига. Металург ја извојува победата по голема борба и резултатска неизвесност во завршницата од натпреварот.
Особено жестока борба се водеше во вториот дел, во кој вкупно се постигнати одвај 13 гола, што сведочи за гранитните одбрани на двата тима.
Најпрецизна на натпреварот беше нашата Мирјета Бајрамоска, со 7 постигнати гола.
Јагодина. Сала “Јасса“. Гледачи: 1800
ЖОРК Јагодина – ЖРК Металург 18:19 (11:13)
ЖОРК Јагодина: Миладиновиќ, Стевановиќ, Милановиќ, Радојевиќ, М.Живковиќ 4, Милошевиќ 1, Јефтиќ 4, Таталовиќ, Тасиќ, Ј.Живковиќ, Николиќ, Бартошиќ 1, Штевин 5 и Стефановиќ 3. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути.
ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Мечевска 4, Гроздановска, Ѓорѓиевска, Бајрамоска 7, Десподовска, Николиќ, Николовска 2, Башиќ 5, Саздовска, Милачиќ, Васчук и Митрова 1. Седмерци: 2/5. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Вешовиќ и Митровиќ од Црна Гора.