ЖРК Металург како на тренинг против Гевгелија

29.05.2021 20:02

Во Автокоманда се одигра средба од 25. коло на Женската лига, меѓу екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Гевгелија. Овој натпревар, меѓу две екипи со голема разлика во квалитетот, заврши според очекуваното – со катастрофален пораз на гостинскиот тим.

Во ниту еден момент од денешниот натпревар не постоеше дилема околу победникот, бидејќи Металург константно ја зголемуваше својата предност, па до крајот на првото полувреме стигнаа до позитива од цели 13 голови, 23:10.

Слично се играше и во вториот дел, во кој ЖРК Металург продолжи со опсадата на гостинскиот гол, а го заврши со резултат 21:7, за конечни 44:17.

Во последното коло ЖРК Металург ќе и гостува на екипата на Спартак.

.

ЖРК Металург – ЖРК Гевгелија  44:17 (23:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 2, Ивановска 7, Ѓорѓиевска 3, Гулицоска 4, Тасевска 7, Васева, Смајлоска 2, Арсениевска 4, Младеновска 4, Темелковска 3, Дамчевска 5, Калајџиевска, Божиновска, Ристовска 3 и Николиќ.     Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 6 мин.

ЖРК Гевгелија: Горковска, Басова, Мандалова 1, Шуклева, Митревска 5, Динева, Димова 2, Живковска, Шутева 2, Митрова 1, Петковска 3, Ибрахимовиќ и Митрова 3.    Седмерци: 3/6.    Исклучувања: 6 мин.

Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје.

Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

Прочитано 136 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 6 =