ЖРК Металург ќе настапи на младинскиот фајналфор

14.06.2021 18:27

Екипата на ЖРК Металург обезбеди настап во завршницата во младинското првенство на Македонија.

Вкупно беа пријавени 13 екипи поделени во четири групи, а ЖРК Металург беше дел од групата “А“, заедно со тимовите на ЖРК Вардар и на ЖРК Шампион. Оваа група своите натпревари ги одигра во салата “Христо Батанџиев“ во Скопје.

Металург обезбеди фајналфор со подобра гол-разлика во однос на Вардар, откако двете екипи го совладаа Шампион, а директната пресметка на Металург и Вардар заврши со нерешен резултат.

.

Резултати:

ЖРК Металург – ЖРК Шампион  30:20
ЖРК Шампион – ЖРК Вардар  22:26
ЖРК Металург – ЖРК Вардар  16:16

На младинскиот фајналфор, покрај ЖРК Металург, ќе настапат и ЖРК Куманово, ЖРК Овче Поле и ЖРК Деспина.

Фајналфорот ќе се игра на 16 (полуфинале) и на 17 (финале) јуни.

Познати се полуфиналните двојки:

ЖРК Металург – ЖРК Деспина

ЖРК Куманово – ЖРК Овче Поле

 

Прочитано 150 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 6 = 2