ЖРК МЕТАЛУРГ ЛЕСНО СЕ СПРАВИ СО ЕКИПАТА НА ЗАГОРЈЕ

11.04.2014 18:41

baner - vesti_resize

ЖРК Металург полесно од очекуваното дојде до третата победа во женската Регионална лига. Во натпревар од 9. коло, нашите девојки ја совладаа екипата на Загорје, со резултат 33:27 (21:10). Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кое го добивме со огромни 11 гола разлика, 21:10, што беше и најголемата наша предност на денешната средба. Видовме прекрасно прво полувреме на нашите ракометарки, едно од најдобрите во оваа сезона. Цврстата одбрани на ЖРК Металург ги сопре Словенките на 10 гола, а нашиот расположен напад ја разниша самодовербата на двете голманки на противникот.

Второто полувреме беше малку поинакво. ЖРК Металург се задоволи со високата предност и го продолжи натпреварот со намалена концентрација. Тоа го искористија противничките ракометарки и постепено ја намалија нашата позитива. Натпреварот заврши со резултат 33:27, а нашите девојки заслужено прокнижија нови два бода.

Најпрецизна во нашите редови беше Мирјета Бајрамоска, со 12 гола, а веднаш зад нејзе младата Сара Ристовска, со 7 постигнати гола.

ЖРК Металург – Загорје  33:27 (21:10)

ЖРК Металург: Иаломитеану (9 одбрани + 2 седмерци), Антиќ (без одбрана), Мечевска 2, Гроздановска 5, Ѓорѓиевска 2, Бајрамоска 12, Белевска, Јовановска Младеновска 2, Николиќ, Николовска, Ливриниќ, Саздовска, Величковска, Ристовска 7 и Митрова.      Седмерци: 3/4.        Исклучувања: 8 минути.

Загорје: Пикл, Мрмоља, Ирман 6, Ребољ, Угрин 3, Оклесчен 6, Периќ, Братец, Ферфоља 6, Прашникар, Грегорц 2, Љубаш 4 и Митревска.      Седмерци: 6/9.       Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 234 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − 1 =