ЖРК Металург му даде 63 гола на тимот на Алушовски

07.03.2020 00:50

Иако бевме гости, средбата од 15. коло на Женската лига, со екипата на ЖРК Алушовски, се одигра, во Автокоманда. Овој натпревар заврши со резултат редок во ракометот, бидејќи девојките на Металург постигнаа дури 63 гола. Можеа и многу повеќе, доколку искористеа десетина чисти зицери.

Уште пред почетокот на средбата беше јасно дека победата и бодовите ќе му припаднат на ЖРК Металург, но ретко кој очекуваше толкава мотивираност кај нашите девојки, кои буквално го „изрешетаа“ голот на противникот, постигнувајќи голови во просек на секои 55 секунди.

Уште на крајот на првиот дел имавме разлика од 30 голови, која до крајот стигна и до +46.

Повеќе од половина од головите беа постигнати во брзи контранапади, при што ракометарките на Металург убедливо го надтрчаа противникот.

Со оваа победа, барем во моментов, Металург изби на чело на табелата, со подобра гол-разлика од Куманово, кое има натпревар помалку.

.

ЖРК Алушовски – ЖРК Металург  17:63 (7:37)

ЖРК Алушовски: Стојковска, Тодоров, Георгиевска 2, Алушовска, Ангелковска 1, Божиновска 1, Трајановска 7, Костадиновска, 2, Петковска 3, Мемов, Димитријоска, Младеновска 1, Ристовска.    Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 5, Владева 2, Гулицоска 1, Тасевска 11, Смајлоска 3, Арсениевска 5, Алексоска 1, Калајџиевска 8, Дамчевска 6, Божиновска 5, Граматова 8, Стефановска 3, Петковска 5, Паскал.    Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.

Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.

Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

Прочитано 356 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 3