ЖРК Металург немаше милост за ЖРК Кузман Вардар Илинден

19.10.2019 21:36

Во шестото коло на Женската лига на Македонија во Автокоманда гостуваше екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден. Средбата, чиј победник се знаеше и пред нејзиниот почеток, мина во апсолутна доминација на ЖРК Металург. Огромната разлика во квалитетот се гледа и од резултатот на овој натпревар, а доволно е да се каже дека гостинките својот прв гол го постигнаа дури во 18. минута, кога веќе беше 15:0 за Металург. Голеадата на Металург во првото полувреме запре на бројката 25, 25:5.

Ништо не се измени во вториот дел. ЖРК Металург постепено го полнеше гостинскиот гол, но, за разлика од првото полувреме, голови постигнуваа и гостинките.

Металург на оваа средба постигна 48 гола, и тоа во отсуство на најдобриот стрелец – Јана Калајџиевска.

Во следното коло ЖРК Металург ќе и гостува на екипата на ЖРК Пелистер.

.

ЖРК Металург – ЖРК Кузман Вардар Илинден 48:17 (25:5)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 10, Ивановска 2, Гулицоска 3, Тасевска 8, Смајлоска 2, Арсениевска 2, Алексоска, Темелковска, Дамчевска 7, Божиновска 7, Стојановска 1, Стефановска 3, Брунчевиќ и Петковска 3.   Седмерци: 1/2.  Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Кузман Вардар Илинден: Ѓорѓиева, Додевска 2, Тодоровска, Сандева, Бојковска 3, Фидановска, Јакимовска, Ристевска, Буразер, Блажевска 8, Филипова 4 и Спасовска.   Седмерци: 4/5.  Исклучувања: 8 мин.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

Прочитано 306 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − 6 =