ЖРК Металург новата сезона ја почна со убедлива победа на гостувањето кај ЖРК Пелистер

18.09.2020 17:07

Денеска официјално почна новата сезона во Женската лига. ЖРК Металург во првото коло гостуваше во Битола, каде ја совлада екипата на ЖРК Пелистер, со огромни 18 голови разлика, 24:42 (13:24).

Овој натпревар имаше рамноправен тек само во првата третина од првото полувреме, се до резултат 7:7. Во наредните неколку минути, нашите девојќи направија серија од 4:0, за прва поголема предност на овој натпревар. Но, како што одминуваше времето, разликата стануваше се повисока и стигна до +11 до крајот на првите 30 минути.

Ништо не се измени во вториот дел од средбата. Металург постојано ја надградуваше својата предност, па домашната екипа не можеше да избегне вистинска катастрофа. Конечните +18 се сосема заслужени и се реална слика на се што се случуваше на теренот.

Во второто коло, кое ЖРК Металург ќе го игра веќе в недела, во Автокоманда ќе гостува екипата на Чаир. Овој натпревар е закажан со почеток во 16.30 часот и ќе се игра без присуство на публиката.

.

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург  24:42 (13:24)

ЖРК Пелистер: Гецовска, Наумовска 2, Ѓоргиевска, Босиловска 1, Срезовска, Раиф 4, Кајческа 2, Милосавлевиќ 4, Богоевска, Спирковска 1, Тодоровска, Нечовска, Белевска 3 и Јанкуловска 7.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова, Владева 3, Гулицоска 6, Тасевска 7, Арсениевска 7, Младеновска 3, Алексоска 1, Дамчевска 1, Божиновска 4, Граматова 6, Ристовска, Стефановска 1, Петковска 1, Паскал и Николиќ 2.    Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева.

Делегат: Сашо Младенов.

Прочитано 249 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 8 = 1