- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК Металург обезбеди финале во четврт-финалната група А во Купот на Македонија

Денеска во Автокоманда се одигра натпревар од четврт-финалната група А во Купот на Македонија. Се сретнаа екипите на ЖРК Шампион, во улога на домаќин, и ЖРК Металург. Нашата екипа беше голем фаворит пред овој натпревар и тоа целосно го оправда, совладувајќи го противникот со резултат 21:33 (9:16).
Отпорот на тимот на Шампион траеше десетина минути, се до резултат 4:4, а потоа се во своите раце презедоа ракометарките на ЖРК Металург, кои постепено ја градеа својата разлика. На одмор екипите заминаа при резултат 9:16 во полза на нашиот тим.
Второто полувреме ЖРК Металург го одигра рутински. Нашите девојки потрошија онолку сили што беа доволни за убедлива победа, па сепак останаа свежи за утрешното финале.
Во финалето ќе се сретнеме со екипата на ЖРК Спартак, која денеска го победи тимот на РК Кузман-Вардар, со резултат 28:18 (18:11). Овој натпревар ќе се одигра утре во салата Круме Кепески во Кисела Вода, со почеток во 13 часот. Средбата ќе ја судат Михајло и Методија Илиевски од Битола, додека делегат ќе биде Митко Ѓорѓиевски од Скопје. Победникот од оваа средба ќе обезбеди настап на фајналфорот на Купот на Македонија.
.
ЖРК Шампион – ЖРК Металург 21:33 (9:16)
ЖРК Шампион: Велковска, Георгиевска 3, М.Петровска 1, Т.Богоевска 1, Димитриевска 4, А.Петровска 1, Бадаровска, Неделковска 3, А.Богоевска, Стојановиќ, Јованова, Бојковска, Миа Петровска 3, Ристевска и Филипова 5. Седмерци: 5/7. Исклучувања: 10 минути.
ЖРК Металург: Илјаз, Ивановска 4, Ѓеорѓиевска 2, Владева, Тодоров, Тасевска 7, Арсениевска 7, Младеновска 2, Темелковска, Дамчевска 4, Божиновска 5, Ристовска и Николиќ 2. Седмерци: 3/7. Исклучувања: 10 минути.
Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов.
Делегат: Сашо Младенов.