ЖРК Металург обезбеди настап на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

07.03.2021 16:31

ЖРК Металург е победник на четврт-финалната група “А“ во Купот на Македонија. Во финалето од групата нашиот тим убедливо ја совлада екипата на РК Спартак, со резултат 22:32 (13:20). Со оваа победа нашите девојќи обезбедија учество на финалниот турнир во националниот Куп.

ЖРК Металург беше јасен фаворит на овој натпревар и својата улога ја оправда веќе во првото полувреме во кое остваривме предност од седум гола, недостижни за противникот. Нашите девојки на оваа средба водеа во текот на сите 60 минути.

Противникот се обиде да возврати во вториот дел од средбата, но стигна само до негатива од 4 гола, 18:22, после што ЖРК Металург се врати во победнички ритам и до крајот стигна и до предност од 10 голови, 22:32.

Покрај ЖРК Металург, на фајналфор турнирот во Купот на Македонија се пласираа и екипите на Чаир и на Куманово, додека за последното место на турнирот ќе се борат екипите на ЖРК Вардар и на ЖРК Стружанка (17 часот).

.

РК Спартак – ЖРК Металург  22:32 (13:20)

РК Спартак: Ѓошевска 6, Ивона Кимовска, Цветковска, Божиновска, Петковска, Бочваровска, Василева 4, Петерска 1, Велигденова, Станчева, Гроздановска 10, Драговиќ, Ива Кимовска, Буразер, Трајановска 1 и Самарџиоска.     Седмерци: 5/8.     Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова, Ѓорѓиевска 1, Владева 3, Ивановска, Тодоров, Тасевска 8, Смајлоска, Арсениевска 5, Младеновска, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 7, Ристовска 1, Петковска 2 и Николиќ 3.     Седмерци: 2/4.      Исклучувања: 12 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски.

Делегат: Митко Ѓорѓиевски.

Прочитано 158 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 6