ЖРК МЕТАЛУРГ ОДЛИЧНО МУ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ФАВОРИЗИРАНИОТ ДОМАЌИН

26.01.2014 23:38

baner - vesti_resize

Во СРЦ “Кале“ денеска се одигра натпревар од 11. коло на Регионалната лига. ЖРК Металург гостуваше кај фаворизираниот тим на Вардар СЦБТ, учесник во втората фаза од Лигата на шампионите. ЖРК Металург оваа година настапува во значително подмладен состав, во кој нема звучни имиња од странство со кои, пак, изобилува составот на Вардар. Сепак, тие што очекуваа висок пораз на нашите девојки останаа разочарани, бидејки ЖРК Металург жестоко се спротистави и долго време водеше помалку или повеќе рамноправна борба, па при крајот на првиот дел заостанувавме само 4 гола, 9:13. Полувремето заврши со резултат 13:8.

Многу порамноправно беше второто полувреме кое вардарки го добија со минимални 11:9.

Металург на оваа средба настапи без Гроздановска и Десподовска, кои заминаа во странство. Најдобра во нашите редови беше Јовановска, со 7 постигнати гола.

ЖРК Вардар СЦБТ – ЖРК Металург  29:22 (18:13)

ЖРК Вардар СЦБТ: Леино, Саидова, Костјукова 1, Радичевиќ, Ѓокиќ 3, Пино 4, Штериова 1, Ристова 1, Николиќ 2, Дембеле 2, Фернандез 1, Зебиќ 2, Црвенкоска 8, Хмирова 4, Пецевска и Кликовац.

ЖРК Металург: Антиќ, Јаломитеану, Мечевска 3, Георгиевска 2, Бајрамовска, Белеска 3, Јовановска 7, Младеновска 1, Николовска, Ливриниќ 3, Величковска 1, Ристевска 2, Саздовска, Митрова, Стојковска и Николиќ.

Прочитано 869 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 2