- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК МЕТАЛУРГ ПОБЕДОНОСНО ЈА ПОЧНА МИНИ-ТУРНЕЈАТА ВО ЦРНА ГОРА

ЖРК Металург со победа ја почна мини-турнејата во Црна Гора. Во рамките на женската Регионална лига, настрада екипата на Даниловград, која доживеа вистинска катастрофа, со резултат 30:19.
Во текот на сите 60 минути нашите ракометарки имаа контрола врз резултатот и во ниту еден момент не оставија место за надеж за домашната екипа. Нешто повеќе отпор имаше во првото полувреме, кое заврши со резултат 14:10, додека во вториот дел постоеше само екипата на ЖРК Металург.
Утре нашите девојки ќе имаат многу посериозна задача во мечот против учесникот во фајналфорот на женската Лига на шампионите, екипата на Будуќност. Според информациите од Црна Гора, девојките се со висок морал и со голема желба го чекаат утрешниот натпревар.
ЖРК Даниловград – ЖРК Металург 19:30 (10:14)
ЖРК Металург: Иаломитеану, Антиќ, Бајрамоска 8, Мечевска 3, Гроздановска 6, Ѓорѓиевска 3, Белевска, Јовановска, Младеновска 3, Стојковска, Николовска, Ливриниќ, Саздовска, Величковска, Ристовска 4 и Митрова 3.