ЖРК Металург постигна 52 гола против екипата на РК Кузман – Вардар

09.10.2020 18:05

Во рамките на петтото коло на Женската лига, екипата на ЖРК Металург катастрофално го порази тимот на РК Кузман – Вардар, кого го совлада со резултат 52:11 (25:6). На оваа среба, која се одигра во Автокоманда, ЖРК Металург ја имаше улогата на гостинска екипа.

Само седум минути им требаа на нашите девојки за да го скршат отпорот на противничкиот тим. Ако до тогаш се играше гол за гол, по седмата минута постоеше само тимот на ЖРК Металург, кој од минута во минута ја зголемуваше разликата до конечните +19 до крајот на првото полувреме.

Уште полошо мина противникот во вториот дел, кој го добивмесо резултат 25:5.

Дамчевска, со 10 гола, и Ристовска, со 7, беа најпрецизни во нашите редови.

Ова е петта победа на ЖРК Металург во исто толку одиграни средби. Во следното коло екипата на ЖРК Металург е слободна.

.

РК Кузман – Вардар – ЖРК Металург  11:52 (6:25)

РК Кузман – Вардар: Додевска 2, Атанасова 2, Петровска, Малевска, Јовевска 2, Стојчевска, А.Ангеловска 2, Симоновска, А.Буразер, Кириловска 1, М.Буразер, Ј.Ангеловска 1 и Петковска 1.    Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Ивановска 3, Ѓорѓиевска 3, Владева, Гулицоска 2, Смајлоска 3, Арсениевска 3, Младеновска 5, Алексоска 3, Дамчевска 10, Божиновска 4, Ристовска 7, Петковска 4 и Николиќ 3.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви.

Делегат: Лери Мирчески.

Прочитано 217 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 − = 2