- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК Металург славеше на гостувањето кај Гевгелија

Во 12. коло на Женската лига, тимот на ЖРК Металург славеше во Гевгелија, на гостувањето кај истоимената екипа.
ЖРК Металург беше подобриот тим на оваа средба и ја оправда фаворитската улога што ја имавме и пред почетокот на натпреварот.
Сепак, во првото полувреме, иако имавме постојана предност, не успеавме целосно да го скршиме отпорот на противникот и дури на крајот стекнавме предност од четири гола, 10:14. Сето тоа се смени во вториот дел во кој целосно го надигравме домашниот тим и дојдовме до конечните +11, 19:30.
Во нашиот состав се истакна Петковска, со 8 постигнати гола, исто колку и Митревска во редовите на Гевгелија.
По изненадувачкиот пораз против Стружанка во минатото коло, денеска повторно им се вративме на победите и стигнавме до вкупно 24 освоени бода, со кои го задржавме моменталното трето место на табелата. Во следното коло во Автокоманда ќе гостува екипата на РК Спартак.
.
ЖРК Гевгелија – ЖРК Металург 19:30 (10:14)
Сала: 26 Април во Гевгелија.
ЖРК Гевгелија: Басова, Мандалова, Шуклева, Митревска 8, Динева, Петрова, Живковска 3, Горковска, Шутева 3, Митрова, Ибрахимовиќ, Петковска, Митрова 5. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 10 мин.
ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Ѓорѓиевска, Владева, Ивановска 1, Гулицоска 6, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска 1, Алексоска, Дамчевска 2, Темелковска 1, Петковска 8, Божиновска 5 и Николиќ. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 мин.
Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.
Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.