ЖРК Металург собира млади таленти

18.06.2020 21:14

ЖРК Металург, кој со години е база за производство на репрезентативки во сите старосни категории, е во постојана потрага по млади таленти.

Од денеска, дел од нашиот тим е една од најперспективните млади ракометарки во нашата земја, Ива Младеновска (2007), која игра на дефицитарната позиција десен бек, а може да игра и на позиција десно крило. Ива дојде од екипата на Алушовски и во ЖРК Металург ќе има одлични услови за својот понатамошен развој.

Со тоа ЖРК Металург продолжува со својата пракса да се ослонува на македонски ракометарки.

Прочитано 919 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 2