- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ЖРК Металург убедливо го совлада Вардар

ЖРК Металург брзо го преболи поразот од екипата на Куманово и во рамките на 9. коло на Женската лига му нанесе убедлив пораз на тимот на ЖРК Вардар, кој е прв во тековната сезона за девојките на Драгана Ристова. Градскиот ривал го совладавме со резултат 28:21 (12:11).
Сепак, отпорот на гостинките го кршевме цели 50 минути, за да во последните десет оствариме убедлив триумф.
Освен на самиот почеток, кога Вардар во три наврати имаше минимално водство, резултатот во текот на целата средба го контролираше ЖРК Металург, кој постојано имаше предност од 1 до 4 гола. Но, упорните вардарки во ниту еден момент не се предаваа и постојано наоѓаа начин да се вратат во игра. Така се случи и при крајот на првото полувреме, кога Вардар со цврста одбрана се врати од негатива од 4 гола. Сепак, првото полувреме го добивме со минимални 12:11.
Второто полувреме мина во слична игра. ЖРК Металург постојано водеше со 1 до 3 голови, но до вистински дебакл на Вардар дојде дури во последните десет минути, кога ЖРК Металург реализираше неверојатна серија од 7:0.
По оваа победа нашите девојќи се зацврстија на втората позиција на табелата, а во следното коло ќе и гостуваме на екипата на ЖРК Ѓорче Петров.
.
ЖРК Металург – ЖРК Вардар 28:21 (12:11)
ЖРК Металург: Паскал, Илјаз, Гугуљанова 6, Ѓорѓиевска 1, Владева 1, Гулицоска 1, Тасевска 5, Смајлоска 1, Арсениевска, Младеновска, Алексоска 1, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 5, Петковска 1 и Николиќ 4. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 12 минути.
ЖРК Вардар: Грујовска, Попова, Стефаноска, Џатевска 3, Лазаровска, Илиќ, Трпевска 6, Костовиќ, Диневска 5, Миновска, Јаковчевска, Галевска 3, Стојановска 1, Стаменкова, Коцева и Дамјановска 3. Седмерци: 4/7. Исклучувања: 10 минути.
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Делегат: Русе Наумовски.