ЖРК МЕТАЛУРГ ВО КУПОТ НА ПОБЕДНИЦИ НА КУПОВИ ЌЕ ИГРА ПРОТИВ УНГАРСКИОТ ШИОФОК

22.07.2014 12:08

za tekst

Денеска се извлечени двојките за третото коло на Купот на победници на Купови. Македонскиот вицешампион, екипата на ЖРК Металург, ќе ги вкрсти копјата со тимот на Шиофок, осмопласираната екипа од последното првенство на Унгарија.

Првата средба се игра во Скопје.

EMI_8483_resize-610x218_resizeАлександар Петровски: Противникот не ни е познат, но доволен аргумент е дека доаѓа од многу силното првенство на Унгарија. Ние допрва ќе се запознаеме со екипата на Шиофок и ќе се обидеме да собереме доволно материјал. Во моментот најважно е нашата силно подмладена екипа, во која нема многу девојки од ланскиот состав, да влезе во оној тренажен процес што го имам замислено. Нашиот млад состав го краси квалитетот, а искуството ќе се стекнува преку натпреварите што не очекуваат во иднина. Шиофот е фаворит, но ние ќе сториме се за да се прикажеме во најдобро светло. Допрва ќе се решава дали натпреварите ќе ги играме по систем дома-гости или, пак, ќе се договориме двете средби да се играат на едно место, кај нас или во Унгарија.

Двојки:

Capture_resize

Прочитано 419 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 7