ЖРК Вардар го освои Купот на Македонија

15.05.2016 21:44

Големиот фаворит, екипата на ЖРК Вардар го освои Купот на Македонија, откако високо го совлада тимот на ЖРК Металург, со резултат 39:21 (23:8).

Иако настапи без неколку ракометарки од својот стартен состав, третиот тим во Европа беше многу посилен од вториот во Македонија, па средбата ја реши уште во почетната фаза, кога поведе со 9:1. Нашите девојки со преголем респект влегоа во овој натпревар, што дополнително ги намали нашите шанси за оподобро претставување. Освен тоа, Вардар на голот ја имаше Суслина, која фати буквално се што беше упатено кон голот на Вардар. Веќе до полувремето, Вардар оствари предност од 15 гола.

Вториот дел мина во нешто подобра игра на Металург. Нашите бекови добија нешто поголема слобода, откако на голот на Вардар застана младата Петковска. Сепак, Вардар го доби и овој дел од натпреварот и заслужено се закити со новата титула во Купот на Македонија.

Металург – Вардар 21:39 (8:23)

Металург: Серафимовска, Антиќ, Дурланова, Каранфиловска, Белеска 5, Јовановска 3, Николиќ 5, Стојковска 1, Цаневска 2, Граматова, Ливриниќ 5, Саздовска 1, Дабевска, Величковска, Петковска.

Вардар: Петковска, Лејно, Суслина (4 пенали), Кликовац 5, Дамњановиќ 7, Дембеле, Сокач 6, Пенезиќ, Черноиваненко 7, Човиќ 5, Ихнева 1, Хмирова 4, Ристовска 2, Грбиќ 2.

Прочитано 196 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + = 5