ЖРК ВАРДАР ЗАСЛУЖЕНО ГИ ОДНЕСЕ БОДОВИТЕ ОД “АВТОКОМАНДА“

05.05.2012 17:24

Денешното дерби помеѓу екипите на РК Металург Скопје и ЖРК Вардар заслужено му припадна на гостинскиот тим кој со оваа победа го завери второто место во домашното првенство и ќе се натпреварува во Регионална лига место екипата на Жито Прилеп.

Вардарките континуирано водеа во текот на целиот натпревар иако и Металург Скопје во неколку наврати имаше и свои шанси. Сепак искусниот гостински тим ја искористи нашата лоша игра во одбраната и нападот и рутинирано дојде до важни бодови. Денес, киксираа  и нашите голманки кои имаа вкупно 4 одбрани за разлика од гостинските кои имаа преку 20. На моменти нашиот тим беше во ситуација да го “нападне“ гостинското водство но токму во тие моменти немаше доволно сили за целосен пресврт.

РК Металург Скопје – ЖРК Вардар  21:26 (9:14)

РК Металург Скопје: Јаневска, Петковска, Каранфиловска, Трајковска 1, Гакидова, Ѓоргиевска 5, Крстевска, Ливриниќ, Стојковска 3, Керамитчиева 4, Величковска 7, Ристовска 1 и Бебиќ.          Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Вардар: Крстевска, Сталетовиќ, Здравковска 3, Грујоска 5, Василевска 1, Стојковска 2, Михајловска, Маневска 4, Трајковска, Настевска, Деловска 4, Стевановска 5, Андонова, Кликовац 2, Стојановиќ и Пижевска.     Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

Прочитано 21 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 3